среда, 27 ноември 2024

Пикси: Не ме бојкотираат, имам посебен договор со Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ

Големите ѕвезди во српската репрезентација, Душан Влаховиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно нема да бидат дел од натпреварите во Лигата на нации, па многумина се сомневаат дека тие го бојкотираат селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Објавено на

часот

Сподели

Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ ги немаше на минатиот собир, а ги нема и сега. Пикси тврди дека има договор со нив да не дојдат и овојпат.

„Нема никаков бојкот, никој не бојкотира. Имам разговарано со сите. Влаховиќ двапати ме замоли да не доаѓа поради семејни причини. Ми рече дека на овој проблем може да се посвети само за време на паузите и јас тоа го почитувам. Извесно е дека се работи за сериозен проблем, но јас не сакам да навлегувам во детали и играчот да ми се исповедува“, рече Пикси.

„Кога е во прашање Сергеј, со него донесовме заедничка одлука да го прескокне и овој термин. Верувам дека во ноември ќе биде подготвен да се приклучи на репрезентацијата. Тоа е договор меѓу мене и него. Се надевам дека и Влаховиќ нема да има проблем за наредниот собир“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ