петок, 18 октомври 2024

Пијаниот Шумуликоски глумел шериф во Струга

Објавено на

часот

Сподели

Шумуликоски под дејство на алкохол на улицата 15 Корпус во Струга започнал кавга и тепачка со еден 29-годишен сограѓанин, а по обидот на полицајците да интервенираат, им се нафрлил и на нив.

Фудбалерот на руски Сибир, револтиран од постапките на полицајците, вербално ги навредувал, со вулгарни пцости и сериозни закани дека ќе ги смени сите, со што ги омаловажил и нив и полициските раководители.

Дрското и непристојно однесување Шумуликоски го продолжил и по приведувањето во полициската станица, па пијаниот фудбалер се заканил дека за 100 илјади евра со само со еден телефонски разговор ќе ги сменел од нивните работни места.

Шумуликоски добил прекршочна пријава, а ќе добие и уште една поради одбивањето да биде алкотестиран.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ