„ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека Трендафилов бил на состаноци со СДС и дека е во постојан дослух со нив и со Левица, а СДС излезе и призна. Сања Лукаревска од собраниска сала за прес-конференции јасно кажа дека се гледале со Слободан Трендафилов. Сите барања на ССМ, се политички и ги следат тезите на СДС. Барањата на ССМ не се поткрепени со реалноста. На државата и треба развој, и економски раст, кој забрзано се случува. А со забрзана економска трансформација ќе растат и платите и стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја трансформира Македонија“, рече Петрушевски.
Петрушевски: СДСМ потврди дека го координира синдикатот кој веќе нема кредибилитет
ССМ веќе нема кредибилитет, СДСМ потврдија дека го координираат синдикатот. Слободан Трендафилов е лице кои и должи на СДС за незаконското поставување на позицијата претседател на ССМ. Слободан Трендафилов, подолг период не ги одразува идеите и потребите на работниците, туку на СДСМ, обвини денеска на прес конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Објавено на
часот