вторник, 22 октомври 2024

Петрушевски: 560 милиони евра сакаше да потроши власта на СДСМ и ДУИ за 24 километри пруга кон Бугарија

„Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, предвидела претходната влада на СДС и ДУИ, за кои не е важно што нема економска оправданост, затоа што им важно само да тендерираат“, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонија е оставена на цедило, со големи проблени, ограбена и со неплански проекти. Не одговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница од пругата кон Бугарија долга 24 километри. Да, за 24 километри власта на СДС и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра. Дали е оправдано? Секако дека не! Километар пруга според математиките на претходната власт би чинел над 23 милиони евра. Цената на чинење е само еден од проблемите. Пругата од 24 километри, треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДС и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата. Економски неоправдано е да се фрлат 560 милиони евра за пруга која завршува во тунел без крај“, додава Петтрушевски.

Тој вели дека 560 милиони евра, можат да се потрошат на модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДС и ДУИ планирале за 22 километри пруга со тунел без крај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ