понеделник, 25 ноември 2024
Поранешната министерка со критика

Петровска: Прво патување па скандал, Мицкоски во САД со својот син

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска изјави дека претставува скандал што премиерот Христијан Мицкоски на своето прво патување откако е на функцијата, во САД, го повел и својот син.

Објавено на

часот

Сподели

„Прво владино патување, прв скандал!

Асистенотот на татко му, а сега премиер, си го земал син му во делегација во САД!

Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од премиерот Мицкоски.

Се прашуваше кој е? Синот на Христијан Мицкоски. Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување.

Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко“, вели Петровска во својата објава на Фејсбук и во соопштението испратено до медумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ