петок, 25 октомври 2024

Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Непал

Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во средата во централниот дел на Непал.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу загинатите е пилотот и четворица кинески патници.

Агенција Франс прес пренесува дека хеликоптерот Ер династија се движел од главниот град Катманду до Сјабрубеса, почетна точка за многу пешачки патеки популарни кај туристите.

Државната управа за цивилно воздухопловство соопшти дека хеликоптерот изгубил контакт три минути по полетувањето. Тие прецизираа дека хеликоптерот се урнал во областа Нувакот северно од главниот град.

„Сите пет лица во хеликоптерот, вклучувајќи го и пилотот, се мртви“, изјави портпаролот на полицијата Дан Бахадур Карки за Франс прес.

Одговорниот офицер на Нувакот, Рам Кришна Адикари, изјави дека телата на жртвите се извлечени од местото на несреќата.

„Полицијата веќе пристигна на местото на настанот“, изјави тој.

Воздухопловната индустрија во Непал, како што објави Франс прес, е во пораст во последниве години, но има недоволно развиени безбедносни услови поради слабата обука на персоналот и одржувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ