среда, 30 октомври 2024

Пет климатски активисти се залепија на пистата во Келн, летовите откажани (ВИДЕО)

Еден од најголемите германски аеродроми ги запре сите летови откако на пистата се залепија климатски активисти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Аеродромот Келн-Бон соопшти дека утринава пристап до аеродромот добиле „неовластени лица“. Најмалку четири дојдовни летови се пренасочени кон блиските аеродроми во Дизелдорф и Хановер, јавува Би-би-си.

Десетици појдовни летови од аеродромот во Келн се одложени или откажани. Групата Ласт џенерејшн соопшти дека пет луѓе се залепиле на пистата. Групата рече дека „слични мирни, граѓански протести на аеродромите“ се планирани низ Европа и Северна Америка.

Келн-Бон е шестиот најфреквентен аеродром во Германија – по Хамбург, Дизелдорф, Берлин Бранденбург, Минхен и Франкфурт. Во мај аеродромот во Минхен беше принуден да се затвори на два часа откако шест климатски демонстранти се залепија на пистата.

Осум лица беа уапсени, но прекинот доведе до пренасочување на 11 летови и околу 60 откажани, изјави портпаролот на аеродромот. Потоа, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека безбедносните мерки на аеродромот во Минхен „ќе бидат преиспитани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ