недела, 20 октомври 2024

Песков: Русија го разбира опкружувањето во кое се наоѓа Србија и притисоците со кои се соочува

Објавено на

часот

Сподели

„Го разбираме опкружувањето во кое се наоѓа Србија. Најдобар начин за градење односи е дијалогот. На Србите им е многу тешко бидејќи се под постојан притисок“, рече портпаролот на Кремљ.

„Ние имаме посебни односи со Србија и посебно партнерство“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Белград има намера да ја развива соработката со НАТО, но со зачувување на воената неутралност, пренесува РИА новости.

Песков додаде дека Русија „многу ги цени“ односите што ги има со Србија и планира дополнително да ги развива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ