За нас е најважно да се слушне нашиот претседател. А ако се слушне значи дека повеќе луѓе ќе помислат дали е во право или не. Барем ќе размислуваат, објасни Песков.
На Русија и е тешко да се спротивстави на САД во смисла на пропаганда, бидејќи „Англосаксонците, на овој или оној начин, ги поседуваат сите најголеми радиодифузни сервиси, сите најголеми весници“, објасни тој и додаде дека интервјуто со Карлсон е многу добра можност да се пренесе ставот на Москва до народот.
Песков истакна дека американските власти и без ова интервју совршено ги знаат сите главни пораки на Путин.
Тие многу добро знаат што сака да каже. Не се работи за знаење, туку за желба. Желба да се направи нешто за да се излезе на преговарачката патека. Сè уште не сме ја регистрирале таа желба и политичка волја од страна на САД, заклучил Песков.