петок, 18 октомври 2024

Пешевски: Македонија може мирно да спие, овде има ракомет

Жарко Пешевски вели дека ракометарите живеат за да ја израдуваат Македонија, тој се надева дека победата над Швајцарија значи подобри денови за македонскиот ракомет.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со одличен настап и победа против Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство во Германија.

„Сите знаевме дека Швајцарија е нашата шанса и се надевавме дека ќе ни се насмевне среќата. Работиме 25 дена заедно и живеевме за овој ден да ја израдуваме Македонија. Ова беше наш најдобар настап досега, изгледавме како тим на теренот и победивме. Тука сме да ја поправиме нашата иднина, иако некој се сомнева во нас, треба мирно да спие затоа што овде има ракомет“, кажа Пешевски.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ