вторник, 22 октомври 2024

Перо Антиќ активен во кампањата на Александар Вучиќ

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, е активен поддржувач на политиките на српскиот претседател Александар Вучиќ. За актуелната кампања во Србија Антиќ сними и видео спот со поддршка за Вучиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Изборите во Србоија се закажани за 17 декември. Антиќ беше присутен на митингот на Вучиќ во Врање и притоа доби пофалби од претседателот на северниот сосед.

Во видео спотот Перо Антиќ вели:

„Како што се во кошарката навивачите наша сила, во политиката е народот. И го чуваме грбот на Аца. Јас сум Перо Антиќ, поранешен кошаркар, сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Се гледа што работат Вучиќ и луѓето од Владата, дека се помага, дека се инвестира во спортот, во инфраструктура, така што нема зошто да не го поддржиме ние тоа. Кога е стресот во прашање, тука е и тимот. Тимот е секогаш тука да те крене во вистинскиот момент, така што тој е капитен, а неговиот тим го следи. Ништо друго, одиме понатаму и секако на 17ти знаеме што треба да направиме. Погодете во вистинскиот кош! Гласајте за вистинскиот! Србија не смее да застане! Александар Вучиќ“.

Спотот може да го видите на инстаргам профилот на Вучиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ