петок, 18 октомври 2024

Пентагон: Можеме да извршиме притисок врз Израел да ја вооружи Украина

Објавено на

часот

Сподели

Од оружје се спомнуваат ракети земја-воздух и противтенковски проектили.

Соединетите Американски Држави веруваат дека може да го притиснат или убедат Израел да го смени својот став кон Украина и да му пружи „оружена помош“ на Киев, се наведува во документот на Пентагон кој протече преку американските медиуми.

Документот наречен „Израел: патиштата на пружање оружена помош на Украина“ е еден од купот документи на Пентагон кои беа постирани на неколку сајтови на социјалните медиуми и изгледа дека детално ја опишуваат помошта на САД и НАТО на Украина, но се шпекулира дека може да се изменети и користени како дел од кампања за дезинформирање.

Документот е еден од неколкуте кои се однесуваат на Израел, вклучувајќи уште еден документ во кој се наведува дека високи функционери на Мосад поттикнувале членови на шпионската агенција и граѓани да протестираат против владините планови за реформа на правосудството. Точноста на тој документ го демантираше израелската шпионска агенција како и бројни експерти.

Израел засега одбива да му испрати оружје на Киев. Една од главните причини за колебањето на Израел е неговата стратегиска потреба да одржи слобода на операциите во Сирија, каде руските сили главно го контролираат воздушниот простор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ