вторник, 23 јули 2024
Претседателот упати честитка до МПЦ-ОА

Пендаровски: Св. Климент Охридски остави трајно наследство, духовност и мудрост

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, господин господин Стефан, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед.

Објавено на

часот

Сподели

„Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и да Ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Со своето дело патронот на Mакедонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост. Со силна вера, дисциплина и  посветеност, Св. Климент ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов. Споделувајќи ги светогледот, духовноста, културата и хуманизмот на големиот учител  и ние да даруваме љубов, да бидеме внимателни и грижливи, придонесувајќи за мирот, хармонијата, просперитетот и благосостојбата во македонското општество“, пишува во честитката претседателот Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ