вторник, 26 ноември 2024

Пендаровски: Соодветно платени млади лекари денес, се врвни доктори во иднината

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски ги поддржува младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати, информираат денеска од изборниот тим на Пендаровски, кој е кандидат за уште еден претседателски мандат.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило. Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината“, рекол Пендаровски .

Според него, обезбедувањето фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја. Младите лекари и приватни специјализанти, рекол Пендаровски, мора да го добијат она што го заслужуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ