вторник, 22 октомври 2024
Изјава на шефот на државата

Пендаровски нема да се кандидира за нов мандат

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на новинарско прашање одговори дека нема да се кандидира за нов мандат, но не кажа од кои причини.

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски е петтиог претседател на Македонија, а на функцијата е од 12 мај 2019 година. Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар, воедно бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. 

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии и го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

Фото: Фејсбук на Пендаровски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ