вторник, 26 ноември 2024

Пендаровски до Николоски: Дали имате 1 денар донирано од функционерската плата?

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски веќе трет ден молчи и не одговара дали некому донирал барем еден денар откако добива за 78% поголема плата, велат во соопштение од изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

„Николоски три дена не се охрабри ниту да одговори дали знае дали кој било пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, градоначалник на партијата или директор на јавно претпријатие од редовите на неговата партија имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому“, се вели во соопштенито.

Од изборниот штаб на Пендаровски прашуваат: Дали молкот на Николоски значи дека тој ниту донирал, ниту планира да донира дел од својата плата? Дали со молкот Николоски ги штити и своите колеги пратеници и останатите сопартијци, кои месеци наназад земаат огромни плати и не сакаат да помогнат никому донирајќи дел од примањата?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ