За битолчани ова беше последниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, Пелистер од претходно ги загуби шансите за место во нокаут фазата, но пред полната сала сакаше достојно да се збогува со својата публика.
Сепак ПСЖ се покажа како многу посилен противник и заслужено дојде до висока победа. Францускиот тим постајно водеше, ја зголемуваше предноста и на крајот победи со 35-26.
Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен кај Пелистер, Пешевски постигна четири. Филип Ивиќ имаше седум одбрани, Митревски две. Најефикасен кај ПСЖ беше Пранди со осум погодоци.
Пелистер заврши на претпоследната позиција со осум освоени бода. Сега комплетниот фокус на битолскиот тим ќе биде домашното првенство каде ја бранат шампионската титула.