Опсерваторијата Нанјао во Пекинг денеска забележа температури над 40 степени целзиусови трет ден по ред, соопшти кинеската метеоролошка управа.
Во соседната провинција Хебеј и пристанишниот град Тијанџин, температурите исто така достигнаа 40 степени, поради што властите издадоа „црвено“ предупредување за екстремни временски услови.
Во кинескиот систем за предупредување за временски услови, црвената боја ги означува најтешките услови.
Пекинг го доживеа вториот најтопол ден во четвртокот со температури кои достигнаа 41,1 степени целзиусови.
Тоа беше највисоката температура досега забележана во главниот град на Кина во текот на месец јуни.
Кинеските метеоролози велат дека сегашниот топлотен бран е предизвикан од топли воздушни маси поврзани со гребени со висок притисок во атмосферата.
Други азиски земји, исто така, доживеаја топлотни бранови во последниве недели, кои според научниците се поврзани со климатските промени.
Властите во Пекинг ги повикаа жителите да избегнуваат долго вежбање на отворено и да преземат мерки за да се заштитат од сонцето.
Температурите во Пекинг се очекува да се спуштат до околу 34-от степен во понеделник пред повторно да се зголемат од следната недела.