петок, 18 октомври 2024

Педофилите и коцкарите повластени граѓани во Грција

Објавено на

часот

Сподели

Националната конфедерација на луѓе со посебни потреби ја нарекоа одлуката на грчката влада „несфатлива“, додавајќи дека педофилите како личности со посебни потреби од сега ќе добиваат поголем надомест од државата од луѓето со пресадени органи.

Министерството за труд изјави дека постојната листа на личности за кои ќе се смета дека имаат посебни потреби ќе биде проширена и со категориите пиромани, страсни коцкари, фетишисти и садомазохисти. Тие ќе може да добиваат медицинска помош, а ќе добиваат и одредена финансиска помош од државата.

Грчката влада, како што јавува агенцијата Асошиејтед прес, се бори со сè поголеми злоупотреби во системот на социјална заштита, поради што помошта им е укината на илјадници личности со вистински посебни потреби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ