Состојки:
▢ 1 главица карфиол исечкана на цветчиња
▢ 3-4 лажици маслиново масло
▢ 1/2 лажичка сол
▢ 1/2 лажичка бибер
▢ 1 лажичка лук во прав
▢1 лажичка италијански зачини
▢ 1 лажичка чаден црвен пипер
▢ свеж сок од лимон и/или свежо рендан пармезан по желба, за сервирање
Инструкции
Загрејте ја рерната на 220 степени и поместете ја решетката на горната третина од рерната.
Исечете го карфиолот на цветчиња и исушете ги со кујнска хартија. Ставете ги во тава (обложете ја со фолија за полесно чистење) и прелејте ги со маслиново масло. Промешајте со рацете, а потоа зачинете со сол и црн пипер, лук во прав, италијански зачин и црвениот пипер. Повторно промешајте со раце за убаво да се обложат. Не преполнувајте ја тавата за убаво да поруменат.
Печете, непокриено, 25-28 минути или додека не омекнат и поруменат. На средина на печењето превртете ги парчињата карфиол за да не изгорат од едната страна.
По желба, исцедете малку свеж сок од лимон и/или посипете свежо рендан пармезан. Послужете веднаш.