понеделник, 25 ноември 2024

Патот кон членство во ЕУ: Влезот во Унијата за земјите кандидати е неизвесен

Колкав напредок постигнуваат земјите кандидати во врска со приклучувањето кон Европската Унија (ЕУ)? Во годишниот пакет за проширување, Европската комисија презентира сеопфатна процена на напредокот и моменталниот статус на сите кандидати и потенцијални земји кандидати.

Објавено на

часот

Сподели

На 30 октомври, Европската комисија ги усвои извештаите за проширување за 2024 година со детална процена за напредокот од страна на земјите се стремат да се приклучат на Европската Унија. Извештаите го опфаќаат напредокот на Грузија, Молдавија, Украина, Турција и земјите на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија) на патот кон ЕУ, пишува МИА.

Оценките се придружени со препораки и упатства за реформите кои секој кандидат треба да ги даде приоритет за да напредува во пристапните преговори.

На крајот на октомври, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината четиридневна посета на земјите од Западен Балкан ги посети шесте земји кои сакаат да се приклучат на ЕУ – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Фон дер Лајен вети дека ЕУ проширувањето ќе биде високо на агендата во Брисел. – Бидете сигурни дека проширувањето ќе остане главен приоритет во мојот следен мандат, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.

Дискусиите околу проширувањето на ЕУ во регионот со околу 16,6 милиони жители траат речиси 20 години, додека во тој период Брисел играше топло-ладно.

Иако во моментов не е можно да се процени дали за новиот претседател на Европскиот совет Антонио Коста ќе биде приоритет проширувањето со Западниот Балкан, иако неговата последна посета како премиер на Португалија беше на регионот.

Коста исто рече дека ЕУ треба да „почне да се подготвува“ за процесот на проширување, така што ќе обезбеди „услови да ги прими оние кои ги кани“.

Портфолиото за проширување на следната Европска комисија (2024-2029) и припадна на словенечката кандидатка Марта Кос. Според нејзините одговори на прашањата од европратениците пред сослушувањето оваа недела, таа рече дека надминувањето на блокадите во проширувањето ќе биде една од нејзините главните задачи за време на петгодишниот мандат, доколку биде избрана.

Кос, исто така, истакна дека билатерални прашања кои предизвикуваат застој треба веднаш да се решат. Меѓу нејзините краткорочни цели ќе биде напредокот на кандидатите на патот кон ЕУ, што поконкретно значи дека ЕУ ќе ги затвори преговорите за пристапување со Црна Гора, ќе ги отвори останатите поглавја со Албанија и ќе го отвори првиот пакет поглавја со Македонија, Украина и Молдавија.

Со оглед на тоа што особено внимание го посветува на поглавјата за владеењето на правото, Кос нагласи дека проширувањето мора да остане процес заснован на индивидуалните достигнувања на земјите кандидатки, со цел да биде веродостојно и одржливо.

Што се однесува до Македонија, земјава има статус на земја кандидат за членство.

Македонија постојано ја изјавува својата политичка посветеност кон стратешката цел за интеграција во ЕУ и својата амбиција да напредува во преговорите за пристапување, стои во Извештајот, кој додава дека треба да се спроведат суштински реформи поврзани со ЕУ. Македонија одржува добри односи со другите земји-членки опфатени со процесот на проширувањето и продолжи со своето учество во регионалните иницијативи, пишува МИА.

Според Преговарачката рамката усвоена во јули 2022 година, Македонија мора да спроведе уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот, заедно со Хрватите, Црногорците, Евреите и другите малцинства како „дел од етничките групи кои живеат во земјата“.

Во заклучоците на Европскиот совет во декември 2023 пишува дека – Европската Унија е спремна да ја заврши почетната фаза на преговорите за пристапување со Македонија веднаш штом ќе ја исполни својата обврска да ги заврши уставните промени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Европскиот совет ја повикува Македонија да го забрза завршувањето на овие промени.

Македонија доби статус на кандидат во декември 2005 година. Пристапните преговори ги отвори во јули 2022 година.

Освен Македонија, и Грузија, Молдавија, Украина, Турција и земјите на Западниот Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија имаат статус на земја кандидат за членка на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ