вторник, 26 ноември 2024
Вечерашниот натпревар ќе биде во втор план на ужасната трагедија која се случи во Белград

Партизан против Реал Мадрид ќе игра во комплетно црни дресови

Објавено на

часот

Сподели

Трагедијата која синоќа се случи во основното училиште во Белград, „Владислав Рибникар“ ја потресе Србија и земјите во регионот. Поради ужасната трагедија, Партизан одлучи вечерва да настапи со комплетно црни дресови.

На дресовите ќе го има и името на училиштето „Владислав Рибникар“ каде вчера беа убиени девет лица од кои осум деца.

Натпреварот ќе почне со минута молк, а во „Штарк арената“ нема да има музика, ниту пропратна програма во текот на мечот.

Навивачката група „Гробари“ побара од гледачите да не навиваат во текот на првото полувреме од вечерашниот дуел.

Во Србија од петок ќе биде прогласена тридневна жалост.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ