сабота, 13 јули 2024
АБА лига

Партизан ја победи Црвена звезда во првиот финален меч од АБА лигата

Објавено на

часот

Сподели

Црно-белите почнаа моќно, уште во првата четвртина создадоа позитива од 13 разлика, во вториот период дојдоа и до највисоки 22 поени предност, на полувремето се замина со 56-36 за Партизан.

Во финишот од мечот Црвена звезда успеа да дојде на -5, беше 85-80 за Партизан, но црвено-белите немаа моќ за пресврт, на крајот црно-белите славеа со 88-80.

Ледеј со 24 поени беше најдобар во составот на Партизан, Пантер реализираше 19, кај Црвена звезда Добриќ постигна 17 поени, Капацо 15.

Вториот меч се игра во четврток со почеток од 20 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ