среда, 23 октомври 2024

Партијата на слободата за Мала Преспа го потпиша прогласот за семакедонско обединување

Прогласат на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – друштво Преспа  за семакедонско помирување и обединување го поддржа и огранокот за Мала Преспа, на Партијата на слободата  на поранешниот претседател Илир Мета.

Објавено на

часот

Сподели

Потпис врз документот стави локалниот партиски лидер Панди Јани.

„Обединувањето на Македонците во Албанија станува реалност. Панди Јани докажан борец, млад, енергичен и секогаш на вистинска македонска страна. Го поддржа и потпиша прогласот на друштвото Преспа во име на огранокот за Мала Преспа на Партијата на слободата“, пишува во објавата на друштвото.

Претходно прогласот го потпишаа Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото Илинден од Тирана и Бесник Хасани од друштвото Мост од Голо Брдо.

Од друштвото информираат дека почнале со одржување средби со Македонците за да ги запознаат со новата стратегија на делување и формирање одбори на друштвото.

„Средба одржавме со жителите на селото Туминец на која ги презентиравме целите, задачите и новата стратегија за понатамошно делување на организацијата. Исто така, беше конституиран и одборот за село Туминец“, додаваат од друштвото.

На средбата присуствувале првиот човек на друштвото, Едмонд Темелко, како и членовите Спиро Малевски, Елеонора Мазенковска, Ѓорѓи Андон и Маријана Терпо.

„Тие го изнесоа ставот дека единството на Македонците е од суштинско значење во битката за правата на Македонците и заштита на нивниот национален идентитет, јазик, култура традиции. Обединети и единствени сме посилни“, порачале на средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ