вторник, 22 октомври 2024
Реакција на вработените во УЈП

Пари за зголемување на платите има, зачудува реакцијата на Министерството за финансии

Објавено на

часот

Сподели

Сосема е нејасно за вработените во управата ваквото позиционирање на Министерот за финансии во случај кога нема потреба од обезбедување дополнителни финансиски средства, од причини што потребните средства за исплата на платите на вработените во УЈП, согласно новиот колективен договор се обезбедени во буџетот на УЈП за 2023 година, велат вработените во УЈП.

„Барањата на вработените во Управата за јавни приходи се токму во согласност со заложбите на ресорното министерство и неговиот Министер за законито постапување. Имено, токму со одредбите на член 66 од Законот за буџети и дополнителното автентично толкување на посочениот член донесено од Собранието на Република Северна Македонија јасно и недвосмислено се докажува основот за зголемување на платите на најголемиот број на вработени во Управата за јавни приходи согласно нивниот статус. Во моментов на определен број на вработени во Управата за јавни приходи веќе им се исплаќаат зголемени плати по основ на погоре посочените законски одредби. Имајќи ги во предвид ваквите околности и состојби уште еднаш се обраќаме до Mинистерот за финансии, да ја прифати нашата подадена рака за конструктивна соработка, да постапи согласно закон и даде согласност за потпишување на новиот колективен договор на Управата за јавни приходи“, пишува во реакцијата на вработените во УЈП.

Оттаму посочуваат дека постапка на преговори содржината на колективниот договор веќе била прифатена од трите страни (Министерот за финансии, Директорот на УЈП и претставниците на синдикалната организација Солидарност).

„Потпишувањето на новиот колективен договор е и законска обврска на инволвираните страни, од причини што тој треба да биде потпишан со репрезентативен синдикат на ниво на работодавач. Со таквото законито постапување заеднички ќе допринесеме да не биде одржан генерален штрајк, за што од страна на раководството на синдикалната организација веќе е донесена одлука и е отпочнато со спроведување на потребните процедури, а исто така ќе биде спречено поднесувањето на стотици тужби пред надлежен суд на што се решени вработенитге во управата. На крајот сакаме повторно да ја потенцираме нашата загриженост за случувањата и последиците кои ќе настанат при евентуално одржување на генерален штрајк, кој несомнено ќе предизвика сериозни последици во секојдневното функционирање на државата. Во таа насока посочуваме дека согласно надлежности и овластувања, учеството на Управата за јавни приходи во креирањето и реализацијата на Буџетот на РСМ е со 62,33 отсто од вкупниот Буџет. Со евентуалното одржување на генерален штрајк исто така ќе настане состојба во која ќе биде оневозможено остварување на права и исполнување на обврски на правни и физички лица што е од витално значење за нивното функционирање. Управата за јавни приходи претставува столб на функционирањето на државата, и така треба да се третира во сите сфери“, велат вработените во УЈП кои вчера излегоа на предупредувачки протест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ