четврток, 24 октомври 2024
Реакција на кочанскиот градоначалник по кривичната пријава од МВР

Папазов прашува дали пријавата против него е да се релативизираат малверзациите на вработени во училиште во Кочани

Објавено на

часот

Сподели

Во дописот Папазов прашува дали поднесената кривична пријава против него е за да се релативизира и сокрие пријавата што ја поднел в.д. директорот во врска со откриени малверзации од страна на вработени лица во училиштето.

„Во ноември 2021 година добив писмена отставка од тогашниот директор на СОУ „Гошо Викентиев“, а на почетокот на декември истата година донесов одлука и беше објавен интерен оглас со пропишаните услови за избор на вршител на должноста директор на уличиштето. Беше поднесена една пријава од редот на вработените во училиштето и согласно пријавата донесов одлука за назначување на Спирко Златков за в.д директор. Ова е целата вистина во врска со назначувањето на директор и со обидите да се прави притисок врз работата на градоначалникот. Дали ова е обид да се релативизира и сокрие пријавата од в.д директорот уште пред шест месеци во врска со откриени малверзации од страна на вработени лица во училиштето, блиски роднини на поранешен началник и сегашен инспектор во полицијата, за што сѐ уште ништо не е превземено од страна на МВР“, истакнува Папазов.

Според известувањето од МВР, грдоначалникот на Кочани заработил кривична пријава затоа што четири пати го именувал ист човек за в.д директор на училиштето, иако знаел дека тој не го положил испитот за директор во законски утврдениот рок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ