понеделник, 28 октомври 2024

Папата Франциско: Хуманитарното право мора да се почитува, премногу деца умираат во војни

Папата Франциско во неделата повика на будење на совеста и на меѓународна посветеност за преземање конкретни чекори за мир таму каде што последиците од војната ги погодуваат малолетниците, цивилите и местата за богослужба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Животот е свет. Овој настан нека ја разбуди совеста за време на вооружените конфликти да се почитува животот и достоинството на поединците и народите, како и интегритетот на цивилните структури и местата за богослужба, во согласност со меѓународното хуманитарно право“, рече папата.

„Тажно е да се види како се уништуваат болници и училишта на некои места за време на војната“, рече папата по молитвата Ангел Господов по повод 75-годишнината од Женевската конвенција, пренесува Ватикан њуз. Папата потсети дека на 28 октомври, во Женева ќе биде отворена Меѓународната конференција на Црвениот крст и Црвената полумесечина, која ја оцени како „многу значајна во екот на конфликтите во светот каде што илјадници луѓе, многу деца, секојдневно ги губат своите животи“.

Папата од прозорецот на Апостолската палата ги повика луѓето да се молат за мир и додаде дека неговите мисли се со „малите жртви, децата“. „Сетете се на конфликтите во Украина, Палестина, Израел, Либан, да се запре ескалацијата и да се почитува човечкиот живот, кој е свет, и да биде на прво место“.

„Првите жртви таму се меѓу цивилното население: тоа го гледаме секој ден. Премногу невини жртви. Секојдневно гледаме слики од масакрирани деца. Премногу деца. Да се молиме за мир“, рече папата Франциско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ