среда, 23 октомври 2024
Прес-конференција на в.д. директорот на Управата за извршување на санкции

Пандов: Во затворот во Шутка фалат осуденици, денес четворица пак избегале

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот „Скопје“ и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале.

Објавено на

часот

Сподели

Според списокот, во затворот требало да има 180 лица. Кога отишол, видел дека недостасуваат 11 затвореници. Десетмина од нив ноќта се враќале во затворот, а денеска четворица повторно избегале.

На денешната прес-конференција тој посочи дека некои затвореници излегувале и влегувале во затворот кога сакале.

Пандов вели дека правел проверка во полуотвореното и отвореното одделение. За отвореното одделение, Пандов вели дека директорот Филип Андов – Сокол лично одредувал кои затвореници ќе бидат распоредени во деловите „парк“ и „перална“, за да може, како што вели тој, кога сакаат да влегуваат и излегуваат.

„Списокот кој нас ни беше понуден од страна на затворскиот полицаец и она што беше фактичка состојба не кореспондираше. Во тоа отворено одделение има одделение кое го нарекуваат ‘возен парк’. Во тој ‘возен парк’ требаше да бидат само три осудени лица. На лице место беа распоредени 10 лица, од кои 4 лица отсуствуваа. Исто така, има друг дел, ‘перална’ го нарекуваат. Во таа ‘перална’ по список треба да има четири осудени лица, формално-правно требало таму да бидат 9 осудени лица, од кои 7 беа отсустни – еден пронајдовме, еден беше на домашно отсуство. На прашањата зошто е тоа така, ни беше одговарано дека затворската полиција нема увид во тоа, дека добиваат усни наредби. Од затворскиот полицаец на влезот во затворот – до последниот што го сретнавме таму, тврдеа дека единствено Филип Андов-Сокол ги давал усните наредби кое затворено лице каде да биде“,тврди Пандов.

Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов – Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен.

Тој вели дека седум години не била направена контрола во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видео надзорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ