вторник, 22 октомври 2024

Пандов: Јанева нема да излегува од Идризово, ги прекршила правилата за работа надвор од затворот

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот Идризово, потврди директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Објавено на

часот

Сподели

Постапувајќи по службена должност Управата направила проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот, при што е утврдено дека Јанева не ги почитувала правилата, потврди за МИА, Пандов.

Јанева, во февруари годинава доби дозвола да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев, кога веќе имаше издржано пет од вкупно седум години казна затвор за случајот „Рекет“. Според условите наутро таа излегуваше од Идризово, а по завршување на работниот ден, требаше да се врати во затворската ќелија.

Јанева во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој доби казна затвор од девет години. Во јуни 2022 година Врховниот суд им ги потврди казните на Јанева и на Јовановски.

Во март годинава, САД ја стави Катица Јанева на црната листа заедно со нејзиниот син Лазар Јанев, а на листата се најде и градоначалникот на општина Карпош, Ствече Јакимовски со неговата сопруга и двата полнолетни синови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ