сабота, 27 јули 2024

Врховниот суд ги потврди 7 годишната казна затвор за Јанева и 9 годишната за Боки 13 за „Рекет“

Објавено на

часот

Сподели

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, велат од Врховен суд.

Во јули минатата година Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата на Кривичниот суд Скопје за случајот „Рекет” со кој Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание” и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ