сабота, 19 октомври 2024

Пакистанскиот премиер: Ќе увезуваме евтина руска нафта, веќе ја товарат

Објавено на

часот

Сподели

„Додека зборуваме, руската нафта се товари за испраќање навака“, кажа премиерот во парламентот. Според договорот, Пакистан ќе купува само сирова нафта, не деривати.

Министерот за нафта Мусадик Малик потврди за Ројтерс минатата недела дека Пакистан ја купил првата пратка руска сирова нафта по снижена цена. Исламабад сака да увезува по 100.000 барели дневно ако првата трансакција помине непречено.

Првата пратка се очекува да пристигне во пристаништето во Карачи во мај.

Русија сè уште не ја коментираше зделката. Русија извезува нафта во Индија и во Кина исто по намалена цена.

Пакистан, долгогодишен западен сојузник, во 2022 година увезол 154.000 барели нафта на ден, според податоците на аналитичката компанија Кплер, главно од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ