недела, 20 октомври 2024

Падна балканска наркомафија во Франција и Монако

Во Монако и Франција е разбиена криминална група со потекло од Балканот. Криминалците се фатени по опсежна истрага на локалната полиција, а 19 лица се уапсени под сомнение за криминални активности како трговија со дрога и оружје и перење пари преку лажни фирми.

Објавено на

часот

Сподели

БФМТВ пишува дека 13 лица биле уапсени во Франција и уште шест во Монако минатиот вторник во рамки на голема полициска операција. Тие наведуваат дека истрагата ја спровела Националната управа за борба против организиран криминал.

При претресот полицијата запленила два пиштола, нешто повеќе од 19.000 евра во готовина, часовници, луксузни предмети и блиндирано „ауди А8“.

Криминалците „паднаа“ благодарение на апликацијата Скај ЕЦЦ. Инспекторите ги снимиле нивните разговори и откриле криминална мрежа воспоставена на југоистокот на Франција. Тие увезувале огромни количества дрога за францускиот и европскиот пазар.

Тие размениле пораки во периодот од февруари 2020 година до февруари 2021 година, а врз основа на тие пораки бил идентификуван водачот на групата, кој има српско потекло.

11-те, вклучително и неодамна пензионираниот полицаец кој работел за правосудната полиција на Монако, беа изведени пред истражен судија во понеделникот вечерта и беа обвинети за повеќе точки.

На деветмина осомничени им е одреден притвор. Паризиен пишува дека оваа банда, чии членови се и државјани на Србија, се занимавала и со трговија на оружје. Француските медиуми пишуваат дека меѓу другото продавале митралези и автомати.

Француските медиуми пишуваат дека водач на мафијата е Србинот Бранимир В., познат по прекарот Брацо. Тие наведуваат дека во Франција е познат како моќен претприемач и сопственик на голем број многу луксузни имоти, но и на агенција за недвижности.

„Се работи за Бранимир В., познат како Брацо, кој живее во Франција од 2000 година. Со текот на годините, тој успеа да изгради мала империја на недвижнини на Азурниот брег. По потекло од Србија, Брацо инвестираше во различни имоти, вклучувајќи земјиште, станови и луксузни вили, има десет компании за недвижнини“, пишува Паризиен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ