понеделник, 28 октомври 2024

Овчар претепан и врзан за дрво

Во полициската станица Пробиштип вчера било пријавено дека на местото Ливади во атарoт на селото Турско Рудари, четири лица физички го нападнале и го врзале за дрво Г.К. (53) од село Нивичани, кочанско, кој работел како овчар.

Објавено на

часот

Сподели

Подоцна тој бил пронајден од жител на Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош.

„За случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава“ – информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ