недела, 9 март 2025

Ова никогаш не се случило претходно: Интер и Милан се вратија од два гола негатива и победија (ВИДЕО)

Интер со кам-бек во второто полувреме славеше против Монца со 3-2, победата донесе и еден неверојатен рекорд, откако само неколку часа претходно и Милан на истиот начин го совлада Лече.

Објавено на

часот

Сподели

Новото коло во Серија А донесе раритетен момент, градските ривали Интер и Милан на идентинечн начин ги однесоа трите бода.

Откако „росонерите“ се вратија од два гола негатива и во второто полувреме направија пресврт за победа од 2-3 на гостувањето кај Лече, истото го сторија и „нероаѕурите“.

Вечерва избраниците на Инзаги пред своите навивачи се најдоа во сериозни проблеми против Монца, гостите поведоа со 0-2 со головите на Биринедли и Балде.

Сепак Арнаутовиќ пред крајот на првиот дел намали на 1-2, за во 64. минута Чалханоглу да изедначи на 2-2. Пресвртот беше комплетиран во 78. минута, кога Кириакопулос со автогол му донесе победа на Интер од 3-2.

Според Опта, за прв пат во историјата, Интер и Милан во исто коло во Серија А се враќаат од два гола негатива и стигнуваат до победа со кам-бек во второто полувреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ