сабота, 19 октомври 2024

Отворена истрага против британскиот премиер за судир на интереси

Објавено на

часот

Сподели

Сопругата на британскиот премиер Акшата Мурти е наведена како акционер на компанијата за грижа за децата, па би можела да има корист од шемата предложена во мартовскиот државен буџет за поттикнување на луѓето да чуваат деца.

Кога зборувал пред парламентарниот одбор за интереси на крајот на март за тој проект на британската влада, Сунак не кажал дека во проектот би можела да биде вмешана неговата сопруга. Сунак на прашањето на лабуристичката пратеничка Кетрин Мекинел дали постои врска меѓу интересите на неговата сопруга (а со тоа и на неговите интереси) и предложениот буџет за грижа на децата одговорил дека сите интереси ги пријавил „на вообичаениот начин“.

Подоцна, меѓутоа, се покажало дека шефовите на спомнатата компанија за грижа за децата присуствувале на прием во Даунинг стрит неколку часа откако Сунак се појавил пред одборот, пренесува Гардијан.

Токму лабуристичката пратеничка Мекинли најверојатно ја поднела пријавата против Сунак.

Британскиот премиер не го пријавил уделот на својата сопруга во компанијата Кори кидс преку регистарот на имот на јавните функционери, што сите јавни функционери мора да го направат без одложување.

Кабинетот на Сунак соопшти дека тоа не било потребно, бидејќи тоа го направил преку регистарот во кој е впишан како министер. Меѓутоа податокот, како што истакнуваат британските медиуми, не е објавен ни во тој регистар.

Една од главните задачи на комесарот за интереси е да провери дали интерпретацијата на Сунак е правилна. Комесарот е одговорен за следење на работата на Кодексот за однесување и регистарот на Долниот дом, вклучувајќи и истраги поради наводни кршења на законите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ