сабота, 13 јули 2024

Отворен ден за вдомување кучиња во прифатилиштето на Лајка

Објавено на

часот

Сподели

Во ЈП „Лајка“  денеска ќе се одржи отворен ден за вдомување и дружење со кучињата од прифатилиштето, во периодот од  11 до 14 часот. 

„Оваа сабота ќе имате можност да се запознаете со кучињата кои чекаат да си го најдат својот дом, да прошетате во нашето прифатилиште, да се запознаете со вработените кои би Ви помогнале при изборот на вашиот нов домашен миленик и ќе ве воведат во процесот на вдомување“, велат од Лајка во поканата. 

Во нивното прифатилиште имаат околу 120 кучиња кои, како што посочуават, чекаат да си го најдат својот дом, некои од нив се домашни миленици со откажана сопственост, некои напуштени на улица, но ниту едно од нив не се нашло во оваа ситуација по своја вина.

„Секое едно од нив заслужува еднаква шанса за дом, секое едно куче може и треба да биде домашен миленик и да си има свое семејство, тие само сакаат да припаѓаат некому и да имаат можност да даваат од својата безусловна љубов. Кучето е најдобриот пријател на човекот и верувајте дека тоа пријателство трае засекогаш“, порачуваат од ЈП „Лајка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ