четврток, 31 октомври 2024

Отворен ден на Армијата во Охрид

Припадници на Армијата денеска на Градскиот плоштад во Охрид, по повод четири – годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО, одржаа отворен ден со што пред граѓаните беше претставен дел од вооружувањето, борбени системи, воена опрема и технички средства.

Објавено на

часот

Сподели

„На 27 март 2020 година земјата стана 30-та членка на НАТО Алијансата. Со тоа се реализираше една од нашите најважни стратешки цели, едногласно одобрена во Собранието во 1993 година. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на РСМ. Ние сме еднаков дел од семејството на развиени демократии што обединува милијарда луѓе и 50 проценти од светскиот БДП, рече Чедо Спасески, постар водник прва класа.

 

Во рамките на активноста, припадници на Баталјонот за специјални сили во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, реализираа показна вежба – препад на пловен објект. Во вежбата беше вклучен и хеликоптер Ми 17 на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ