недела, 20 октомври 2024

Откриен споменик на полицаецот Игор Драганов кој загина во 2007 кај Танушевци во напад од заседа

Во Општина Аеордром на бранителот Игор Драганов му е подигнат споменик. Споменикот го открија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Тимчо Муцунски, а подигањето на спомен обележјето е во организација на Здружението на бранители на Македонија. Левица соопшти дека иницијативата за довршување на бистата потекна од средба на нејзини општински советници со родителите на Драганов.

Објавено на

часот

Сподели

Драганов, полицаец во граничната служба, загинал во 2007 година кај Танушевци на Скопска Црна Гора кога полицискиот џип тргнат од Кодра Фура, во кој бил со двајца колеги, бил нападнат од заседа од вооружена група. Имал 24 години и наскоро требало да стане татко. Бил единствен кој носел леб во семејството кое живее во Долно Лисиче. Двајцата негови колеги биле ранети. 

д

„Ве уверувам дека Игор засекогаш  ќе остане запаметен по своите херојски дела и вечно ќе живее во колективната меморија на сите наши граѓани, а неговата храброст и пожртвуваност ќе биде инспирација за идните генерации. Наша света должност е да направиме се  да го зачуваме мирот и безбедноста и  да продолжиме да целиме кон подобра иднина, која ќе биде просперитетна за сите. Свесни сме  дека овој паметник подигнат во чест и сеќавање на Игор никогаш нема да ја исполни празнината  што вечно ќе постои, но сите ние – неговите колеги, пријатели, сограѓани и сонародници – сме повеќе од  должни и обврзани не само да го чуваме споменот, туку и со нашето секојдневно работење и однесување да докажеме дека херојскиот чин  на овој 24 годишен скопјанец, нема да биде заборавен”, рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Градоначалникот на Аеродром Муцунски во своето обраќање потенцира дека бистата ќе биде вечен спомен кон незаборавот на Игор и едно од малкуте дела на почит што општината и државата му ги должат на човекот кој загина бранејќи ја Македонија.

д

„Сите ние сме свесни за фактот дека овој споменик нема да ја намали болката на семејството или да ја надомести загубата за државата и неговите блиски, но ова треба да биде вечниот спомен кој никогаш нема бледнее и каде ќе се потсетуваме на храброста на човекот кој со својот херојски чин стана дел од бранителите на државата и со тоа доби место помеѓу најсилните, најхрабрите и најпочитуваните“, потенцира Муцунски во обраќањето.

Левица соопшти дека на една средба со граѓани во Долно Лисиче, од страна на родителите на Игор Драганов на советниците им било побарано да се заложат за довршување на неговата биста.

„На 13-та седница на Советот на Општина Аеродром од страна на советниците на Левица беше побарано да се доврши бистата на Игор Драганов при што за таа цел се формираше и комисија која го водеше завршувањето на бистата“, се вели во соопштението на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ