четврток, 31 октомври 2024
Реализиран хеликоптерски транспорт

Осумгодишно девојче со тешка сколиоза со медикохоптер е транспортирано за Турција

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно дете до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб.

Објавено на

часот

Сподели

Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.

„На 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи, било упатено барање од родителот на детето за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул. Детето кое се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80 отсто. Поради наведените здравствени проблеми, долготрајниот транспорт е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатирано е дека друг вид транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето“, наведува ЦУК.

По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено.

Архивска фотографија 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ