петок, 18 октомври 2024
Белград

Осум полицајци повредени, 38 приведени на протести на српската опозиција поради изборите

Осум полицајци се повредени, а 38 лица се приведени за време и по протестот на опозицијата поради изборните резултати, соопшти во понеделникот српската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници луѓе се собраа во неделата во центарот на Белград за да побараат поништување на парламентарните и локалните избори пред една недела, за кои меѓународните набљудувачи рекоа дека се нефер.

Демонстрантите искршиле прозорци и стакло на главниот влез на градското собрание, пред полицијата да употреби лут спреј за да ги растера околу 22 часот.

Ивица Ивковиќ, шеф на полициската управа, рече дека двајца од осумте повредени полицајци се здобиле со сериозни повреди.

„Ќе продолжиме да работиме на одржување на мирот и редот и очекуваме уште апсења во врска со синоќешните протести“, рече Ивковиќ на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Српскиот сојузник Русија рече дека сили поддржани од странство се обидуваат да предизвикаат проблеми.

„Има процеси и обиди на трети сили, вклучително и од странство, да предизвикаат немири во Белград“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не се сомневаме дека раководството на републиката ќе обезбеди владеење на правото“.

Опозициските партии ја обвинија полицијата за прекумерна сила, а некои социјални мрежи објавија снимки од полицајци како тепаат мажи на улиците во близина на градското собрание.

Премиерката во заминување Ана Брнабиќ ѝ се заблагодари на руската тајна служба за обезбедувањето информации за планираните активности на опозицијата. „Оваа (моја изјава) нема да биде популарна на Запад“, рече Брнабиќ, од владејачката Српска напредна партија (СНС), во ТВ емисија.

Како аспирант за Европската унија, Србија се спротивстави на притисокот од западните земји да воведат санкции против Русија.

Москва со децении е еден од најблиските сојузници на Србија, особено по 1999 година, кога Русија се спротивстави на воздушните напади на НАТО врз делот на Југославија, кој го сочинуваа Србија и Црна Гора.

Меѓународната мониторинг мисија минатиот понеделник рече дека СНС добила неправедна предност преку медиумска пристрасност, несоодветно влијание на претседателот Александар Вучиќ и гласачки неправилности, како што е купување гласови.

Српските власти негираат какви било неправилности.

Популистичката владејачка Српска напредна партија (СНС) освои 46,72 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори минатиот викенд, според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија.

Србија против насилството беше втора на изборите со 23,56 отсто од гласовите, а Социјалистичката партија на Србија трета со 6,56 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ