четврток, 24 октомври 2024

Осум членки на ЕУ бараат промена на пристапот кон Сирија

Група од осум држави членки ја повика Европската Унија повторно „да го прегледа и процени“ својот пристап кон Сирија на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ во понеделникот, пред дискусијата за ситуацијата на Блискиот Исток, пренесува Еуроактив.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата цел е поактивна, пооперативна политика кон Сирија, која, пред сè, ќе биде ориентирана на резултати“, порачале министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Кипар, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија во писмото до шефот на надворешната политика на ЕУ Жосеп Борел, во кое Еуроактив имал увид.

Тринаесет години од почетокот на конфликтот во Сирија, претседателот Башар ал Асад и понатаму ја држи власта над поголемиот дел на земјата, со помош на Русија, која е воено присутна во земјата, како и на проиранските шиитски милиции.

ЕУ ѝ воведе десет рунди санкции на Сирија и ги прекина официјалните односи со Дамаск.

Во писмото се предлага разговор за десет области за кои би требало да се разговара „отворено и без предрасуди“, а се предложува и именување специјален претставник на ЕУ, кој би имал задача да воспостави врска со сириските и регионалните актери.

Десет области опфаќаат стратегиска размена со арапските партнери, соочување со „ненамерните, негативните ефекти на санкциите на ЕУ“ и отворање услови за враќање на мигрантите во Сирија.

„По 13 години војна, мораме да признаеме дека нашата политика кон Сирија е застарена“, кажа австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг.

„Колку и да е тоа горчливо, режимот на Асад е цврст, а сириската опозиција е расцепкана или во егзил. Европската Унија повеќе не може да ги затвора очите пред реалноста“, додаде Шаленберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ