понеделник, 28 октомври 2024

Османи жали што денеска во Македонија не се славело како во Украина и во Молдавија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитки до Украина и до Молдавија по повод одлуката на ЕУ да отпочне преговори со двете земји и кажа дека денеска можело да биде ден за славење и во Македонија ако ЕУ одлучеше да се отворат поглавјата со што земјава и официјално ќе ги почнеше преговорите со ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

„Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани. Уште малку!, напиша Османи на неговиот официјален фејсбук профил.

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ вчера за време на Самитот на Унијата, кој продолжува денеска, донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија.

На самитот во рамки на дебатата за проширувањето на ЕУ, беа усвоени и Заклучоците за процесот за Македонија во кои се посочува дека Европската Унија е подготвена да ја комплетира фазата на отворање на пристапните преговори, веднаш штом земјата ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во одлуките на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ