четврток, 31 октомври 2024

Oсмани на ифтар-трпеза ги кани противкандидатите, но не и Јакимовски и Ванковска

Кандидатот за претседател на Македонија, Бујар Османи ги кани противкандидатите на ифтар вечера, но притоа не ги наведе имињата на Билјана Ванковка од Левица и на Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Објавено на

часот

Сподели

„На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“, објави Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи од редовите на ДУИ и кандидат за шеф на државата.

Забележливо е дека не ги кани Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Ванковска е кандидатка на Левица која партија ДУИ ја обвинува за рускофилска, додека Јакимовски се најде на „црната листа“ на САД па веројатно е тоа причината што Османи го „заборави“ неговото име.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ