четврток, 28 ноември 2024

Оштетено складиште за нафта во Русија (ВИДЕО)

Системите за електронско војување на руското Министерство за одбрана пресретнале украинско беспилотно летало во областа Брјанск, но муницијата паднала врз резервоар за складирање нафта и предизвикала пожар, изјави регионалниот гувернер Александар Богомаз.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Украинските терористи се обидоа да нападнат објекти во градот Клинци, користејќи беспилотно летало. Беспилотното летало со фиксно крило беше пресретнато, но муницијата падна на складиштето за нафта Клинци при уништувањето на целта“, напиша Богомаз на својот Телеграм профил.

„Според првичните извештаи нема жртви, но се запалиле резервоари со нафта“, додаде тој. Екипи на руското Министерство за вонредни ситуации се излезени на терен и работат на санирање на штетите, јавува руската државна новинска агенција Тасс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ