четврток, 24 октомври 2024

Орбан: Урсула фон дер Лаен не е противничка на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Урсула фон дер Лаен, која беше реизбрана за претседателка на Европската комисија (ЕК), не е противничка на Унгарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за унгарското државно радио, Орбан рече дека патриотските сили „постигнале голем успех, но не и напредок“ на изборите за Европскиот парламент (ЕП) одржани во јуни.

„Групата Патриоти за Европа сега е трета по големина сила во ЕП“, рече Орбан, наведувајќи дека ќе биде втора по големина кога ќе формира сојузи, пренесува агенцијата МТИ.

Орбан смета дека партиските лидери кои, како што рече, работат против Унгарија во ЕП, треба да се сметаат за противници, наведувајќи го како пример лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, кој, како што наведе, „познат е дека ги мрази Унгарците и дека промовира војна и миграција“.

Унгарскиот премиер изрази очекување патриотските сили да постигнат напредок на претстојните избори во Австрија и другите земји, како и на претседателските избори во САД.

„Патриотските сили ќе бидат мнозинство во светот до крајот на годината“, оцени Орбан.

Според него, народот сака „поинаква Европа и поинаква европска политика во споредба со она што го нуди левицата“.

Орбан рече дека проблемот е што европските лидери не го прават она што го сака народот и додаде дека сите луѓе ширум Европа сакаат мир наместо војна, но левицата е за војна, народот сака да ја запре миграцијата, а левицата ја поддржува.

Премиерот на Унгарија посочи дека постои јасна десничарска програма и визија што ги нуди новооснованата политичка групација во ЕП – Патриоти за Европа – а тие се мир, заштита на традиционалното семејство и противење на миграцијата.

Орбан ја основа Патриоти за Европа на крајот на минатиот месец, по изборите за ЕП.

Патриоти за Европа станаа официјална група во ЕП откако белгиската крајнодесничарска партија Фламански интерес објави дека се приклучува на тој сојуз. Фламански интерес е седмата национална партија која се приклучи на Патриоти за Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ