четврток, 24 октомври 2024

Орбан потврди дека го поддржува влегувањето на Шведска во НАТО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја потврди денес во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг својата поддршка за пристапување на Шведска во западниот воен пакт, ден по гласањето на турскиот парламент кој го одобри приемот на Шведска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Повторив дека унгарската влада ја поддржува шведската кандидатура“, порача Орбан преку социјалната мрежа Икс, и додаде дека ќе продолжи да го повикува унгарскиот парламент да го ратификува барањето на Шведска за пристапување во Алијансата при првата можна прилика“.

Турскиот парламент го ратификуваше синоќа договорот за членство на Шведска во НАТО по дваесет месеци одолговлекување. По тоа Унгарија остана последната земја од Алијансата која треба да го ратификува тој договор, откако сите други членки тоа веќе го направија.

За прием во НАТО е потребно едногласно одобрување од сите земји членки.

Шведска, која е на праг да стане 32 членка на НАТО, ја поднесе кандидатурата во мај 2022 година, истовремено со Финска, примена минатиот април.

Столтенберг коментираше дека „имал добар телефонски разговор со Виктор Орбан“ и ја поздрави „јасната поддршка“ од унгарскиот премиер.

Унгарија даде начелна согласност, но одолговлекува да го одобри зачленувањето на Шведска и со месеци го повикува Стокхолм да ја прекине својата политика на критикување на унгарската влада, кои шведските власти ја обвинуваат дека е авторитарна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ