вторник, 22 октомври 2024

Орбан: Постои јасна врска меѓу тероризмот и имиграцијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан гледа јасна врска помеѓу терористичките напади и имиграцијата, изјави тој денеска по пристигнувањето на европскиот самит во Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

„Искрено се надевам дека сè поголем број луѓе овде во Брисел ќе видат дека постои многу јасна врска помеѓу терористичките напади и имиграцијата. Оние кои ја поддржуваат имиграцијата го поддржуваат и тероризмот“, рече националистичкиот лидер кој се противи на реформата на системот за азил во ЕУ.

Таа реформа, за која моментално се преговара, предвидува построга контрола на надворешните граници на ЕУ и механизам за солидарност меѓу земјите-членки пред приливот на мигранти. Неодамна, двајца радикализирани странци на кои им беше одбиен азил извршија напади во Франција и Белгија.

Претседателите на државите и владите на самитот треба да разговараат за зголемување на повеќегодишниот буџет на ЕУ во кој се предвидува 50 милијарди евра помош за Украина во следните четири години, од кои 17 милијарди субвенции и 33 милијарди заеми и уште 15 милијарди евра за управување со миграцијата (построга контрола на границите и соработка со трети земји).

„Позицијата на Унгарија е јасна. Не сакаме да даваме пари на мигранти, не сакаме да даваме пари на Украина, освен ако не добиеме добро образложен предлог“, додаде Орбан. Одговарајќи на прашање за војната меѓу Израел и Хамас, тој посочи дека во интерес на Европа е да се стабилизира регионот. Доколку се дестабилизираат Израел и Египет, приливот на мигранти од тоа подрачје веднаш ќе се сврти кон Европа, заклучи Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ