понеделник, 28 октомври 2024

Орбан оди во Грузија за да ѝ ја честита победата на владејачката проруска партија

Грузискиот премиер и член на владејачката партија Грузиски сон, Иракли Кобахиџе, прогласи „огромна“ победа на изборите, отфрлајќи ги сите обвинувања за измама и насилство во изборниот процес. Премиерот призна дека имало неправилности, но тврди дека тие биле ограничени на неколку избирачки места од вкупно над 3.000.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Официјалните резултати покажуваат дека Грузискиот сон обезбеди мнозинство со 54 отсто од гласовите, и покрај излезните анкети на опозициските ТВ канали кои укажуваат на победа на опозициските партии. Некои набљудувачи на изборите сугерираат дека нерегуларностите можеби влијаеле на резултатите. Меѓу нив споменаа и наводно заплашување на гласачи, поткуп, вметнување ливчиња итн.

Грузиската прозападна претседателка Саломе Зурабишвили ги осуди изборите за „тотално фалсификување“ на гласови и ги повика приврзаниците на опозицијата да се соберат пред парламентот. Европската унија, загрижена за демократското назадување на Грузија и приближувањето кон Русија, привремено го суспендираше процесот на нејзино приближување кон ЕУ.

Во исто време, унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој често изразува пријателски односи со Тбилиси, беше меѓу првите што му честиташе на Грузиски сон за изборната победа и го најави своето доаѓање во Грузија во наредните денови.

Шефот на Европскиот совет на лидерите на ЕУ, Шарл Мишел, рече дека „наводните неправилности мора сериозно да се разјаснат и да се решат“ и повика на брза, транспарентна и независна истрага. „Секако дека треба да се справиме со овие нерегуларности што се случуваат на денот на изборите или пред тоа“, изјави грузискиот премиер за Би-би-си. „Но, изборите воглавно беа во согласност со правните принципи и принципот на демократски избори“, рече Мишел.

Четири опозициски групи одбија да ги признаат изборните резултати, осудувајќи ги како лажни и ја обвинија владејачката партија Грузиски сон за кражба на гласови. Опкружена со опозициски лидери, грузиската претседателка рече дека изборите не може да се признаат и ја обвини Русија за мешање во изборите.

Кобахиџе ја обвини опозицијата дека лаже, тврдејќи дека тие исто така рекле дека гласањето било наместено во 2016, 2020 и 2021 година. „Секако дека сега немаат друг начин, па мора да им кажат на своите поддржувачи дека или лажеле или владата ги наместила изборите“.

Во интервју за Би-би-си, Иракли Кобахиџе ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека владата има проруски или „про-Путинови“ тенденции. Кобахиџе рече дека опозицијата се обидува да го наруши угледот на владата кај грузиските граѓани, од кои голем дел се проевропски настроени. Според него, Грузија останува единствената земја во регионот без дипломатски односи со Русија, што е резултат на руската окупација на 20 отсто од грузиската територија од кратката војна во 2008 година.

Од друга страна, руските коментатори позитивно реагираа на победата на Грузискиот сон, сметајќи дека тоа е можно навестување за враќање на Грузија под влијание на Москва. Кобахиџе, сепак, истакнува дека Грузија продолжува да го бара својот пат, иако европскиот пат на земјата во моментов не изгледа веројатен.

Моќниот тајкун Бидзина Иванишвили, кој стои зад партијата Грузиски сон, претходно изјави дека Грузија треба да си го има својот пат, наведувајќи дека по секоја цена мора да го избегне сценариото на Украина, која, како што вели, насилното туркање во европската интеграција ја доведе до конфликт со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ