сабота, 26 октомври 2024

Орбан: Можно е за некој месец во Украина да има западни војници

Она што сега е апсурдно и невозможно да се поверува, за два-три месеци може да стане реалност, рече унгарскиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, гостувајќи на едно унгарско радио, рече дека не исклучува дека западните трупи ќе бидат во Украина за 2-3 месеци, бидејќи претходниот развој на конфликтот покажал дека она што на прв поглед е малку веројатно, по некое време станува реалност.

„Најалармантно е дека тоа што пред два или три месеци било невозможно ни да се замисли, два-три месеци подоцна станува секојдневие. Се сеќавам кога Германците рекоа дека не се спремни да испраќаат смртоносно оружје во Украина, ние ќе испратиме подобра опрема, шлемови… А сега велат дека Германија треба во Украина да префрли ракетни системи што можат да гаѓаат дури до Москва или, во најмала рака, далеку во Русија“, рече Орбан одговарајќи на прашањето на домаќинот за можноста за испраќање западни трупи во Украина.

Орбан повтори дека „она што сега е апсурдно и невозможно да се поверува за два или три месеци ќе стане реалност“.

Орбан, неодамна на социјалната мрежа Икс објави видео во кое зборува за „тежок период во американско-унгарските односи“ и тврди дека САД ѝ поставуваат неприфатливи барања на Унгарија.

„Тие бараат од нас да одиме во војна, а ние не можеме да го направиме тоа. Тие очекуваат да зборуваме исто како нив, дека миграцијата е добра работа, а ние мислиме дека миграцијата е лоша работа. Тие очекуваат од нас да ги поддржуваме правата на ЛГБТК, но ние веруваме во семејството“, истакна Орбан.

Поради овие разлики, администрацијата на Џозеф Бајден, оцени Орбан, одлучила да ја смени владата во Унгарија со финансирање на левичарските партии, медиуми и невладини организации.

„Ние сме сојузници, но не сме робови“, заклучи Орбан и додаде дека американските републиканци имаат повеќе разбирање за Унгарија.

Во Унгарија 86 отсто од граѓаните се против можното испраќање војници од Западот во Украина, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено од унгарскиот центар за испитување на јавното мислење „Сазадвег“.

Анкетираното население било прашано дали се согласува со „испраќање на армиите на европските или НАТО-земјите да се борат во Украина“, на што 86 отсто од испитаниците дале негативен одговор, 11 отсто дале позитивен одговор, додека околу три отсто не знаеле што да одговорат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ