вторник, 22 октомври 2024

Општина Карпош тврди дека нема надлежност за издавање дозвола за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

Општина Карпош денеска преку соопштение демантира дека издала одобрение за поставување на забавниот парк во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, откако денеска МВР соопшти дека постапува по допрен глас дека без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк, меѓу кои и панорамско тркало.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, Општина Карпош демантира дека е издадено какво било одобрение за негово функционирање од едноставна причина што општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија, велат од општина Карпош.

„Очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација. Доколку некој врши дејност без потребни согласности од надлежни локални или државни институции и без соодветна техничка документација, забрана за вршење на дејноста изрекува Државниот пазарен инспекторат. Бидејќи во текот на вчерашниот дел на самото место покрај нашиот градежен инспектор беа и инспектори од МВР, УЈП и Пазарен инспекторат, општината бара тие да ги искористат своите законски овластувања и да се затвори овој случај“, пишува во реакцијата на Општина Карпош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ